Дома Останати Кошарка Евролигата не простува: Го суспендираше Теодосиќ и му изрече голема парична казна

Евролигата не простува: Го суспендираше Теодосиќ и му изрече голема парична казна

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, доби суспензија од Евролигата поради неговото однесување на натпреварот од последното коло во лигашкото натпреварување против Ефес во Истанбул.

Искусниот дефанзивец на црвено-белите најпрво направи груб прекршок врз домашниот играч Отуру, а потоа влезе во вербален конфликт со кошаркарите на Ефес и шпанскиот судија Хуан Карлос Гарсија на крајот од натпреварот, поради што беше исклучен. .

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Затоа Евролигата го суспендираше на два натпревари, а за непочитување на судиите ќе плати 15.000 евра.

Казнет е и центарот на Црвена звезда Жоел Боломбој поради напад на играч на Ефес и КК Партизан поради однесувањето на навивачите и употребата на пиротехнички средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Земјотрес“ во НБА: Јанис се сели во редовите на голем ривал!?

Еден од најдобрите НБА „инсајдери“ и аналитичар на мрежата ESPN, Брајан Виндхорст, најави …