Дома Останати Кошарка Теодосиќ заминува во пензија и добива две големи функции во Црвена Звезда

Теодосиќ заминува во пензија и добива две големи функции во Црвена Звезда

Милош Теодосиќ по завршувањето на оваа сезона би требало да замине во кошаркарска пензија, објави „Спортски журнал”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот договор истекува ова лето, па еден од најдобрите плејмејкери во српската историја би можел да продолжи поинаков пат. Момчето кое ја започна кариерата во ФМП ќе добие функција на директор и потпретседател на клубот, пренесе овој медиум.

Теодосиќ има 38 години, а со професионална кошарка се занимава од 2004 година. За тоа време освои многу трофеи, вклучувајќи и Евролигата, играјќи за ФМП, Олимпијакос, ЦСКА, ЛА Клиперс, Виртус, Црвена звезда…

Да потсетиме, Звезда моментално игра полуфинална серија на АБА лигата со Будуќност, а за победникот ќе одлучува „мајсторка” во Подгорица.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…