Животот на жешката и атрактивна Кинси Волански дефинитивно се промени после овогодинешното финале од Лигата на шампионите, на кое таа облечена во провокативен бикини се растрча на теренот за време на натпреварот.
Волански истрча на теренот во финалето помеѓу Ливерпул и Тотенхем. Сега таа ја доби казната од УЕФА и може да се каже дека влегувањето на терен и тоа како и се исплатеше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таа ќе треба да плати казна од 5.000 евра, а доколку го повтори делото на некој друг спортски настан тогаш ќе мора да плати сума од 8.000 евра.
Освен тоа Волански беше казнета и со дополнителни 10.000 евра за рекламата која ја направи на нејзиното момче, јутуберот Витали Здороветски. Ова значи дека вкупно ќе плати 15.000 долари, а тоа е ништо во споредба со заработката.
Имено, според последните информации поради акцијата и зголемата популарност Волански заработила дури 3.5 милиони евра.