Дома Фудбал Лига на шампиони Еве кога би можела да почне новата сезона во Лигата на шампионите

Еве кога би можела да почне новата сезона во Лигата на шампионите

Фудбалот во Европа и понатаму е стопиран (освен во Белорусија) и се уште се бара начин како и во кој формат ќе се завршат натпреварувањата.

Потребно е да се пронајде решение за националните првенства, но и за европските натпреварувања на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


УЕФА според актуелната ситуација би била задоволна ако националните шампионати завршат пред почетокот август за во тој месец да се заврши Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Не е исклучен форматот за „мини турнир“ и опцијата за играње само по еден натпревар во четвртфиналето и полуфиналето. Во УЕФА имаат намера европската сезона да ја завршат на 29 август за кога е планирано да биде финалето во ЛШ во Инстанбул.

Шпански „АС“ денес пишува и дека УЕФА одредила датум за почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите и тоа наводно е 20 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шок во Осијек: Турски селектор се сруши среде натпревар – судијата ги испрати фудбалерите во соблекувална! (Видео)

Хрватската репрезентација до 21 година има важен натпревар против Турција во Осијек за уче…