Иако Џорџ Болдок го носеше дресот на грчката репрезентација, УЕФА не сака да дозволи одложување на натпреварот против Англија во Лигата на нации.
Вечерва од 20:45 часот треба да се сретнат Англија и Грција, а подготовките беа прекинати со веста за трагичната смрт на Балдок, кој е роден во Англија, но од 2022 година го носеше дресот на Грција благодарение на потеклото на неговата баба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Фудбалскиот сојуз на Грција побарал одложување на натпреварот, УЕФА наводно, според порталот СДНА, инсистира натпреварот да се одигра како што е планирано.
Болдок е роден во Бакингем, а целата своја кариера ја помина во Англија пред да се пресели во Панатинаикос во летото 2024 година.
Во тој период одигра 12 натпревари за Грција, но поради повреда не беше во конкуренција за мечот на Вембли.