Дома Фудбал Барселона пред натпреварот со Звезда доби казна од УЕФА

Барселона пред натпреварот со Звезда доби казна од УЕФА

Eвропската куќа на фудбалот денеска соопшти дека Барселона добила казна поради која ќе биде без гостински навивачи за натпреварот против Црвена Звезда во Белград.

Казната за Барселона е поради однесувањето на навивачите во натпреварот против Монако.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Контролното, етичко и дисциплинско тело одложи да наложи извршување на дисцилинската мерка која ја изрече жалбеното тело на УЕФА со своја одлука на 17 aприл 2024 година. Поради расистичко однесување на навивачите на Барселона се забранува продажба на билети за следниот гостински натпревар“, стои во соопштението од УЕФА.

Барселона во Белград гостува на 6 ноември, а покрај тоа што ќе биде без навивачи, каталонскиот клуб ќе плати и 10.000 евра парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…