Дома Фудбал Еве како изгледа табелата во Лигата на шампионите по второто коло

Еве како изгледа табелата во Лигата на шампионите по второто коло

Големите фаворити Реал Мадрид и Баерн беа поразени на гостувањата кај Лил и Астон Вила, а Јувентус запиша голема победа против Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лил успеа да го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид со 1-0 во второто коло од Лигата на шампионите. 

Стрелец на победничкиот гол беше Џонатан Дејвид од пенал во 45.минута, откако Едуардо Камавинга играше со рака во шеснаесетникот.

Астон Вила е во Лигата на шампионите по 41 година и направи голем подвиг со победата над Баерн Минхен. Единствениот гол го постигна Дуран на десетина минути пред крајот на мечот.

Атлетико Мадрид доживеа дебакл на гостувањето кај Бенфика со 4:0.

Исклучително возбудлив меч одиграа Лајпциг и Јувентус, кој на крајот заврши со победа на „старата дама“. Отвори Шешко, а Влаховиќ израмни на 1:1.

Потоа домаќините дојдоа во водство откако Јувентус остана со играч помалку. Меѓутоа Италијанците успеаа да дојдат до пресврт и голема победа од 2:3.

Еве како изгледа табелата во Лигата на шампионите по второто коло

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо се обидува да му украде засилување на Интер

Комо испрати официјална понуда за израелскиот репрезентативец Анан Халаили од Ројал Унион …