Дома Фудбал Италија Дуарте четири месеци надвор од терените

Дуарте четири месеци надвор од терените

Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте ќе паузира во наредните четири месеци, соопшти клубот од Миланo.

Дуарте во Швајцарија ja оперираше Ахиловата тетива на левата нога и нема да му биде на располагање на Стефано Пиоли до напролет.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Милан изјави дека операцијата била успешна и без компликации, а бразилскиот дефанзивец сега го чека повеќемесечен период на опоравување.

Дуарте стана редовен стартер по доаѓањето на Пиоли, но се повреди за време на паузата со националниот тим во ноември, па така фудбал ќе игра повторно следната година.

Досега, овој 23-годишниот играч одигра само пет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…