Јасно е дека ова спаѓа во категоријата невозможно.
Кинескиот клуб Хебеи наводно имал намера после Маскерано да го доведе Меси кој има откупна клазула од 700 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите овој клуб бил спремен да вложи околу милијарда евра во целата зделка. Меѓутоа ниту Барселона, ниту Меси не размислувале за оваа опција.
Но овој потег, односно понудата на Хебеи би била подржана и од Фудбалскиот сојуз на Кина и лицата кои оваа земја ја ставија на фудбалската мапа. Тие се заложуваат за вложувања само во внатрешноста на земјата, не надвор од неа и сметаат дека само тоа е патот до успехот.
Кога во прашање е заминувањето на Меси од Барселона единствена реална опција во овој момент после истекот на договорот тој да се врати во родната Аргетнина каде што би ја завршил блескавата фудбалска кариера.