Дома Фудбал Дојде крајот и на грешките во Шпанија: ВАР наскоро и во Примера

Дојде крајот и на грешките во Шпанија: ВАР наскоро и во Примера

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас најави воведување на ВАР системот и во Шпанија.

Раководството на шпанската лига на чело со Тебас одлучи оваа технологија да биде воведена на нивните натпревар, а ВАР за прв пат ќе се употреби во натпреварите од шпанскиот куп кон крајот на оваа есен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од стадионите на кој сигурно ќе биде воведен овој систем е новиот стадион на Атлетико Мадрид и тоа во реваншот помеѓу „јорганџиите“ и Елче.

Исто така се очекува системот да биде поставен и на натпреварите на Реал и Барселона, па судиите од сега ќе имаат поголема можност за донесување правилни одлуки во спорните моменти.

Иначе, ВАР системот на големо се користи во Германија и Италија, додека во Премиер лигата за сега има само видео технологија која му сигнализира на главниот судија кога топката ја преминала гол линијата.

Шпанците до овој момент ги отфрлаа најавите за било каква технологија, но причина за промена на нивната одлука се големиот број грешки кои се случуваа на фудбалски терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите го исмејуваат Аморим по изјавата по порзот од Арсенал – му пораа да го гледа Артета!

Манчестер Јунаајтед беше поразен од Арсенал со минимален резултат благодарение на голот на…