Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски кој се поврзуваше со заминување од Деберецен донесе победа за својот тим во натпреварот против Мол Фехарвар на Никола Серафимов.




Голот на одлука беше дело на Дориан кој го реши натпреварот со голот во судиското продолжение од првото полувреме. На теренот помина 70 минута кога беше заменет.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Серафимов на другата страна остана во игра до 86. минута. За Дебрецен ова е прва победа во сезоната и до неа стигнаа дури во седмото коло.




Претходно имаше најави за заминување на Дориан и враќање во Бугарија поради ситуацијата во Дебрецен каде што се промени комплетното раководството и тренерот. Со овој настап можеби Дориан повторно ќе добие важна улога.