Сакраменто Кингс го победија Далас со 110:106, а и покрај тоа што беа поразени кај Далас одново одличен беше Лука Дончиќ.
Дончиќ за 35 минути постигна 27 поени, имаше седум скокови и осум асистенции. Со тоа стана првиот играч во историјата на НБА кој одигра 19 натпревари во низа со најмалку 20 поени, пет скокови и пет асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во претходниот натпревар Далас го победи Њу Орлеанс со 130:84. Дончиќ за 26 минути оствари учинок од шест скокови и девет асистенции и така се изедначи со Мајкл Џордан и Оскар Робертсон како единствени играчи со таков учинок на 18 натпревари во низа. Робертсон има низа од 29 натпревари, меѓутоа ја направи пред да започне да се игра НБА во ваков формат.
Против Сакраменто стана првиот играч од 1976 година откако е НБА лигата, односно откако се споија АБА и НБА.
Словенецот продолжува да пишува историја!