Како и минатата сезона и оваа сезона Лука Дончиќ е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, а сега на медиумите им откри како се опушта пред натпреварите и во слободно време.
Словенецот е познат како голем фан на нашата музичка легенда Тоше Проески, а неговата песна „Чија си“ се најде на второто место на неговата „плеј-листа“. Покрај „Чија си“ на листата се најдоа и неколку шпански. Тоа не треба да чуди затоа што Дончиќ долго време живееше во Шпанија, подоцна и играше за Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На неговата листа се најдоа и песни од Џеј Рамадановски, Жељко Самарџиќ и МС Стојан.