Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс нема да оди на повторно судење по обвинението дека ја нападнал својата поранешна девојка, објавија денеска британските медиуми.
Обвинителството го повлече обвинението на сослушувањето пред судот во Манчестер и нема да има ново судење, објави „Би-Би-Си“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Судијката Хилари Менли го прогласи Гигс за невин по сите три точки од обвинението против Кејт и Ема Гревил. Повторното судење требаше да започне на 31 јули во Манчестер.
Гигс беше обвинет за напад на тогашната девојка Кејт Гревил и нанесување на телесни повреда во неговиот дом во Ворсли, Манчестер, на први ноември 2020 година. Во истиот инцидент се обвинуваше и за напад на нејзината помлада сестра Ема.
Покрај тоа, 48-годишниот Гигс е обвинет за „контролирано и присилно однесување“ против неговата поранешна девојка во периодот од август 2017 до ноември 2020 година.
Сега е потврдено дека за Гигс нема да има никакви санкции и ќе може да се врати на нормалниот живот без судења и кариерата како тренер.