Дома Фудбал Италија Донарума мора да донесе голема одлука

Донарума мора да донесе голема одлука

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума повторно се наоѓа на крастосница.

Донарума со игрите во Милан се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа е случај веќе неколку години. Познато е дека уште во 2017. година беше пред заминување, откако Мино Раиола го убеди дека е време за амбициозен проект, но го послуша срцето и остана на Сан Сиро.

Денеска, неколку години подоцна, суштински ништо не се промени. Со Милан не успеа ниту еднаш да се пласира во ЛШ, за трофеи и да не зборуваме, а бидејќи договорот му истекува на крајот од следната сезона, повторно почнаа шпекулациите околу негово заминување.

Газета дело Спорт пишува дека Донарума е во голема дилема и не знае дали да го продолжи договорот со Милан или среќата да ја бара на друго место.

„Преговорите околу новиот договор, барем засега, не одат најдобро. Во Милан знаат дека доколку не дојде до договор, продажбата е најдобро решение.“ – пишува Газета.

Се шпекулира дека Милан после оваа криза во фудбалот може да добие помеѓу 25 и 30 милиони евра од неговиот евентуален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…