Во италијанската Серија А викендов ќе се игра 23. коло, а најголемо внимание привлекува натпреварот во Милано помеѓу Милан и Интер.
Градското дерби се игра во недела со почеток од 15:00 часот и победа може да донесе многу и за двата тима кои се во борба за пехарот. Голманот Џанлуиџи Донарума се надева дека дербито ќе биде решено од Ибрахимовиќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Помина многу време од кога двата тима беа во ваква ситуација на табелата, возбудени сме и свесни дека мораме да одиграме одличен натпревар за да ги освоиме бодовите. Кога ќе ги затворам очите замислувам како Ибрахимовиќ го решава дербито“, изјави Донарума.