Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Ираклион, Грција откако во финалето беше подобар од првиот носител на турнирот, Романецот Себастијан Гима со 6-1 и 6-1.




Ивановски доминираше во текот на цел турнир во Грција и не загуби ниту еден сет од неговите ривали, па така го очекува нов скок на АТП-листата в понеделник.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Ова е огромен успех за македонскиот тенисер, кој оваа година игра во одличен ритам и со неколку добри настапи на претходните турнири стигна до 746-то место на АТП-листата.