Дома Фудбал Германија Доминацијата на Баерн е досадна, а легендата на овој клуб има идеја за „спас“ – поделба на Бундес лигата!

Доминацијата на Баерн е досадна, а легендата на овој клуб има идеја за „спас“ – поделба на Бундес лигата!

Баерн Минхен е на добар пат да стигне до шестата титула во низа во Германија и тоа убедливо.

Стефан Ефенберг кој е поранешен фудбалер на Барен предолжи план за спречување на слична ситуација во иднина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Баерн во овој момент има 18 бодови предност од второпласираниот Баер Леверкузен, а до крајот на сезоната има уште 13 натпревари, што значи дека прашањето на шампионот е веќе решено.

Ефенберг во својата колумна за „Т-Online“ предложи отворен ждреб за поделба на Бундес лигата во две групи по девет клубови, а би се играло двокружно од почетокот на сезоната до Божиќ. Потоа четирите најдобри од секоја група и најдоброто пето место би играле за титулата, додека останатите девет клубови би се бореле за опстанок.

Со оглед на тоа дека на доминацијата на Баерн не и се гледа крајот во блиска иднина сигурно дека ваквите промени би биле од корист на германскиот фудбал.

„Првенството не би смеело да биде одлучено во февруари или март, а доколку се игра по мојот предлог од јануари сите клубови би почнувале од нула. Тоа би донело многу возбудвања и напнатост. Сигурен сум дека ваквиот начин на натпреварување ќе привлекува големо внимание од целиот свет“, изјави Ефенберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…