Дома Фудбал Останато Додека медиумите го селат во Интер и Јувентус, Конте однесе голема победа

Додека медиумите го селат во Интер и Јувентус, Конте однесе голема победа

Италијанецот го доби Челзи на суд!

Се уште не потпишал за новиот клуб се споменува како потенцијален наследник на Алегри во Јувентус, но се пишуваше и дека ги договорил личните услови со Интер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека преговара за новиот ангажман, италијанскиот стратег има причина за задоволство – го доби Челзи на суд и сега „сините“ се должни да му исплатат 10.5 милиони евра.

До овие информации стигна британски „Тајмс“ кој додава дека Конте однел победа затоа што оваа година не потпишал со ниту еден клуб. Долго траеше сагата која Конте ја заврши со триумф.

Конте на 13-ти јули доби отказ и од тогаш траеше правната борба со Роман Абрамович, а Италијанецот се обидуваше да извлече што е можно повеќе пари за предвременото раскинување на договорот. Поранешниот селектор на Аѕурите ангажираше адвокати за од англискиот клуб да ги добие ветените средства од договорот кој имаше важност до летото 2019 .

Вкупно 13 милиони евра за последната сезона, а помеѓу пет и 10 поради нарушениот имиџ во јавноста и спречувањето на можноста на време да пронајде нов клуб.

Се обидуваше Абрамович надвор од судот да постигне договор со човекот кој им ја донесе титулата во 2017 година меѓутоа Конте не се појавил на закажаниот состанок со адвокатите на рускиот тајкун, а со тоа испратил порака дека ги сака само парите (вкупно 23 милиони евра). На крајот сепак доби половина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …