Дома Фудбал Останато Договорени нови мерки за безбедност, во Грција од овој викенд повторно ќе се игра фудбал

Договорени нови мерки за безбедност, во Грција од овој викенд повторно ќе се игра фудбал

Натпреварувањето во грчката фудбалска лига ќе биде продолжено во претстојниот викенд после паузата од три недели поради инцидентот во кој сопственикот на ПАОК со пиштол влезе на теренот.

Натпреварите ќе се играат на 31 март и недела 1 април соопштено беше денес од грчката лига.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Суспензијата на првенството беше донесено откако претседателот на ПАОК Иван Савидис во текот на натпреварот против АЕК на 11 март незадоволен поради судиската одлука со пиштол се симна на теренот.

Како што пренесуваат грчките медиуми, 16 екипи постигнале договор да се почитуваат правилата кои ги поставил сојузот.

Новите правила вклучуваат исфрлање од лигата на секој клуб кој ќе има проблем со насилството три пати во една сезона. Исто така клубовите ќе биде целосно одговорни за безбедноста на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…