Дома Останати Авто Мото Довициозо најбрз на патеката за Големата награда на Каталуња (видео)

Довициозо најбрз на патеката за Големата награда на Каталуња (видео)

Андреа Довициозо победи на трката за Големата награда на Каталуња. Возачот на Дукати победи пред двоецот на Репсол Хонда, актуелниот шампион Марк Маркез и Дани Педроса кој ја имаше пол позицијата на стартот.

Андреа Довициозо и Дукати ја продолжуваат сезоната од сништата, Италијанецот кој победи минатиот викенд во Муџело, беше најдобар и на трката за Големата награда на Каталуња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последен пат во „кралската класа“ Дукати врзал две победи во 2010 година, кога Кеј-Си Стонер победи во Арагон и Јапонија.

Довициозо кој трката ја започна од седмата позиција знаеше да ја искористи предноста на својот мотоцикл и успеа да триумфира со време 44:41.518 минути.

На патеката во Каталуња разочараа возачите на Јамаха, лидерот во генералниот пласман Маверик Вињалес беше десетти, а Валентино роси заврши на осмата позиција.

По оваа трка Вињалес остана лидер во генералниот пласман 111 бодови, втор е Довициозо кој му се доближи на лидерот на само седум бода. Во трка за титулата се уште и Маркез (88), Педроса (840 и Роси (83).

Наредната трка се вози за две недели во Асен, Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…