Дома Фудбал Англија Добри вести за Јунајтед: Најмалку тројца од повредените се враќаат за големото дерби!

Добри вести за Јунајтед: Најмалку тројца од повредените се враќаат за големото дерби!

Манчестер Јунајтед во недела го пречекува најголемиот ривал Ливерпул на „Олд Трафорд“, а непосредно пред дербито пристигнаа добри вести за Солскјер.

Имено, најмалку тројца од повредените играчи на „црвените ѓаволи“ ќе се вратат и ќе бидат спремни за големото дерби.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Станува збор за Пол Погба, Ван Бисака и Лук Шоу, а големи се шансите за дербито да биде спремен и напаѓачот Марсијал.

Французинот има одиграно три натпревари во оваа сезона и има постигнато два гола пред да се повреди, а „Скај Спортс“ пишува дека Марсијал тренира со првиот состав на тимот оваа недела и големи се шансите да заигра против Ливерпул.

Овој натпревар за екипата на Оле Гунер Солскер доаѓа во најлошиот можен момент со оглед на тоа дека моментално се наоѓаат во голема криза и од почетокот на сезоната играат лошо.

Од друга страна Ливерпул ги има сите осум победи и максималните 24 бода и сака да ја продолжи својата низа за да ја задржи предноста пред Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …