Првиот голман на Ливрпул, Алисон Бекер има специјална програма на дополнителни тренинзи цела оваа недела, за да се подготви максимално за враќањето на терените.
Бразилецот доби повреда уште на првиот меч сезонава, но ќе биде спремен да се врати за дербито со Манчестер Јунајтед, кое се игра веднаш после репрезентативната пауза, односно на 20-ти октомври.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во отсуство на Алисон на голот на Ливерпул застана Адриан, кој остави одличен впечаток и му помогна на тимот да запише осум победи во првите осум кола од Премиер лигата.
Адам Лалана и Окслејд Чемберлејн се другите двајца фудбалери кои оваа недела останаа во базата за дополнителни тренинзи.