Дома Фудбал Англија Добри вести за Ливерпул: Алисон се враќа против Манчестер Јунајтед

Добри вести за Ливерпул: Алисон се враќа против Манчестер Јунајтед

Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер ќе се врати на терените и тоа за големото дерби против Манчестер Јунајтед кое се игра во недела.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бразилецот доби повреда уште на првиот меч сезонава, но ќе биде спремен да се врати за дербито со Манчестер Јунајтед, кое се игра веднаш после репрезентативната пауза, односно на 20-ти октомври.

Во отсуство на Алисон на голот на Ливерпул застана Адриан, кој остави одличен впечаток и му помогна на тимот да запише осум победи во првите осум кола од Премиер лигата.

Изминатата недела Алисон беше на специјална програма со дополнителни тренинзи за да се подготви максимално за враќањето на терените.

Англиските медиуми исто така потврдија дека четворицата повредени кај Манчестер Јунајтед ќе се вратат за големото дерби, па менаџерите ќе ги имаат на располагање најсилните состави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …