Репрезентацијата на Македонија денес ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка во 2022 година.
Ние добивме група во која носител е Данска, од третиот шешир ја добивме Швајцарија и „аутсајдерот“ Финска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од првиот шешир немавме среќа и го добивме веројатно најтешкиот можен противнил. Данска е победник на последното Светско првенство и констатно играат на ниво, а освен тоа ние немаме добра традиција против нив.
Швајцарија не е наивна репрезентација во тимот има играч како Анди Шмид и може да се надигрува. Во последните квалификации за ЕП 2020 ја победија Србија дома (28:24), а на гости минимално загубија со 32:31. Во тие квалификации Шмид беше најдобриот стрелец. Со Швајцарија имаме негативен скор од три победи и шест порази.
Во следната фаза од групата одат првата и втората репрезентација затоа многу важни ќе ни бидат боовите со Финска која на хартија е аутсајдер.