Дома Фудбал Ди Марцио: Трансферот на Перишиќ пропадна во последните минути од преодниот рок

Ди Марцио: Трансферот на Перишиќ пропадна во последните минути од преодниот рок

Италијанскиот трансфер експерт Фабрицио Романо вчера во 23:10 часот објави дека е постигнат вербален договор и дека Иван Перишиќ кариерата ќе ја продолжи во новиот италијански прволигаш Комо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После тоа, Индекс објави дека се е договорено со Комо. Сепак, Џанлука ди Марцио, друг италијански инсајдер и експерт за фудбалски трансфери, три минути пред полноќ објави дека договорот пропаднал.

„Иван Перишиќ нема да го носи дресот на Комо“, напиша тој, објаснувајќи дека враќањето на хрватскиот репрезентативец во Италија каде настапуваше за Интер, пропаднало во последните минути од преодниот рок, кој заврши на полноќ во Италија.

Комо не успеа да го заврши трансферот пред истекот на рокот, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо сам се пофали: Пред Кристијано оваа репрезентација ништо немаше освоено

Кристијано Роналдо изјави по поразот од Шпанија дека пред неговото доаѓање, Португалија не…