Во првото коло од Лигата на шампионите, Бенфика ја совлада Црвена Звезда во Белград со 2:1 и ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите.
Португалците поведоа со голот на Турчинот Керем Актуркоглу во деветтата минута, а победата ја потврдија со голот на неговиот сонародник Оркун Кокчу во 29. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стрелец на единствениот гол за домаќините беше Милсон на четири минути пред крајот.
По мечот изјава даде напаѓачот на Бенфика, Анхел Ди Марија.
“Знаевме дека ќе биде тешко. Не можевме да спиеме поради огнометот во текот на ноќта. Но, одигравме одличен натпревар. Работевме добро. Знаевме дека ќе бидеме под притисок, но сè заврши добро”, изјави 36 годишниот Аргентинец, кој е прогласен за играч на натпреварот.