Дома Фудбал Англија Директорот на Јувентус: Жал ми е за Роналдо, но тој веќе не е наш проблем

Директорот на Јувентус: Жал ми е за Роналдо, но тој веќе не е наш проблем

Кристијано Роналдо од 2018 до 2021 година играше за Јувентус од каде што се врати во Манчестер Јунајтед.

Португалецот беше незадоволен после првата сезона на „Олд Трафорд“ и сакаше да замине, но неговиот агент Жорге Мендеш иако се обидуваше сепак, не успеа да му пронајде адекватен клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За „ДАЗН“ ситуацијата на Роналдо ја коментираше и директорот на Јувентус, Маурицио Аривабене.

„Со Роналдо се разделивме со меѓусебна почит. Ова што му се случува во Манчестер Јунајтед не е наш проблем. Жал ми е да го гледам во таква непријатна ситуација за него, но тој повеќе не е наш проблем“, изјави Аривабене.

Со Ерик Тен Хаг Роналдо во Јунајтед сезонава беше стартер само на натпреварот против Брентфорд кој Јунајтед го загуби со 4:0, во останатите влегуваше од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мегваер прави трансфер во големиот ривал на Јунајтед

Според англиските медиуми, стоперот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер нема да го продолжи…