ДИНАМО го претрпе најголемиот пораз во својата историја во првото коло од Лигата на шампионите.
На гостувањето во Минхен беше поразен од Баерн со 9:2 и со тоа стана првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој примил девет гола на еден натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако на полувремето Баерн имаше 3:0, Динамо постигна два брзи гола за да намали на 3:2 во 50. минута. Но, тогаш Баварците се налутија и до крајот ја полнеа мрежата на хрватскиот шампион. Воедно ова е втор најефикасен натпревар во историјата на Лигата на шампионите. Рекордот го држат Борусија Дортмунд и Легија 8:4 од 2016 година.
Покрај Борусија, Баерн уште еднаш постигна осум гола на еден натпревар кога ги совлада Барселона со 8:2 во 2020 година и Монако во сезоната 2003/04. кој го демолираше Депортиво 8:3. Реал го победи Малме во 2015 година со 8:0, а Ливерпул во 2007 година со истиот резултат против Бешикташ.