Италија е најпогодена од коронавирусот, а зад не е Шпанија која од денес како и Италија има повеќе заболени од Кина. Македонскиот голман, Столе Димитриевски за „Марка“ откри како го поминува времето во домашната изолација.
Димитриевски во интервјуто зборуваше дека му недостига Македонија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Во овие моменти ми недостига Македонија и моето семејство. Ситуацијата не е толку лоша во Македонија, меѓутоа мораме да ги почитуваме мерките и правилата. Родителите се грижат за мене, но јас сум дома и ги следам препораките кои ги даваат властите. Сите заедно мораме да го издржиме овој период“, изјави македонскиот голман.
Тој откри и како го поминува времето во изолација.
„Читам книги, една од нив е онаа на Златан Ибрахимовиќ, а исто така гледам и филмови. Тренирам секој ден затоа што морам да останам во форма“, откри Димитриевски.
За плеј-оф натпреварот кој требаше утре да го играме против Косово.
„Сега требаше да бидам со репрезентацијата и да се спремаме за историскиот плеј-оф со Косово. Меѓутоа, тоа не е важно сега, никој во овој момент не зборува за фудбал. Најважно е да го победиме вирусот“, заврши Столе.