Дома Фудбал Англија Дигитални транспаренти на навивачите на Сити синоќа на Етихад

Дигитални транспаренти на навивачите на Сити синоќа на Етихад

Манчестер Сити синоќа направи огромен чекор кон одбрана на титулата победувајќи го Лестер со 1:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Граѓаните долго се мачеа во овој натпревар, а отпорот на гостите успеа да го скрши Винсент Компани во 70. минута за ерупција на Етихад.

Сити сега има 95 бода, односно бод повеќе од Ливерпул, а до крајот остана уште едно коло. Следниот викенд Сити гостува кај Брајтон, а Ливерпул го пречекува Волвс.

Синоќа на Етихад можевме да видиме една новина на фудбалските стадиони. Имено, најверните навивачи на Манчестер Сити наместо класични транспаренти, истите ги испратиле на клубот, а тие ги поставиле во дигитална верзија.

Навивачите на Островот, но и Европа беа шокирани од виденото, а некои навивачи на Ливерпул ова го оценија како ‘ново ниво на пластичен клуб’ како што е Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа за Мбапе: Потребни ни се играчи кои трчаат – талентот повеќе не е доволен

АЛВАРО АРБЕЛОА им се обрати на медиумите по победата над Еспањол во 34. коло од Примера ди…