Aурелиот Де Лаурентис е презадоволен од начинот на кој Спалети го води тимот и остварените резултати во изминатиот период.
Наполи е третопласиран во Серија А и е во игра за Скудетото, освен тоа Наполитанците продолжија и во нокаут фазата од Лигата на Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Спалети покажа дека е човек со неверојатни вештини во споредба со другите тренери кои ги имав во мојот мандат. Експериментираше од почетокот и состави тим така што им даде шанса на сите да играат. Дефинитивно тој е најдобриот тренер кој сум го имал, тој може да ни ги оствари соништата“, изјави Де Лаурентис.
Ќе потсетиме Наполи во последното коло од групната фаза го победи Лестер со 3:2 и во тој триумф еден од најзаслужните за победата беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој постигна два гола.