Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните навивачи поради очигледно уште една изгубен трка за Скудетото кое последен пат го освоија во 1990 година.
Јувентус во овие моменти на девесетина дена пред крајот на италијанското првенство е лидер на табелата со огромни 13 бодови предност и никој не верува дека „старата дама“ може да ја испушти оваа предност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа и покрај амбициозните најави и доведувањето на Карло Анчелоти на Наполи му останува да ја задржи втората поизција на која и минатата година го заврши првенството.
„Чуствувам разочарување, но ветувам дека нема да се откажам до самиот крај. Ако некој се предава после првата препрека мора да се замисли. Откажувањето претставува неуспех. Кој сака да биде успешен ќе продолжи да се бори без разлика какви препреки излегуваат пре него. Победува и оној кој не завршува секогаш прв. Сите победуваме ако играме со жар и страст“, со мотивацски тон се обиде Де Лаурентис за „Скај Спорт Италија“ да ги утеши навивачите на клубот од Неапол.
Љубомрен или објективен, претседателот на Наполи потоа го критикуваше трансферот политиката на ривалот.
„Ако јас позајмам 200 милиони евра за трансфер на еден играч која е тогаш суштината на победувањето? Тоа не е вистинската вредност на успехот“, порача Де Лаурентис алудирајќи на летниот трансфер на Кристиано Роналдо.