Според изјавата на првиот човек на Наполи тој повеќе сака неговиот тим да игра против европските гиганти.
Наполи го победи Ливерпул, а потоа изгуби бод на „Паркот на Принцовите“ во последните минути, одиграа реми и против Звезда на стартот од групната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Де Лаурентис има предлог за УЕФА да формира ново натпреварување од кое според него Европската куќа на фудбалот ќе инкасира 10 милијарди евра.
„Да направиме Европска лига, место Лига на шампионите. Во таа Европска лига би играле само клубови од Англија, Франција, Италија, Германија и Шпанија. Четирите најдобри клуба од овие првенства, така би имале 20 тимови. Сигурен сум дека едно вакво натпреварување на УЕФА ќе и донесе 10 милијарди евра! Нека се игра само еден натпревар, а ждребот ќе одлучи кој да биде дома или гости. Натпреварите може да се играат вторник, среда и четврток“, истакна Де Лаурентис.
Не е тајна дека одредени богати клубови се борат за ново европско натпреварување, како споменатата Европска лига, но засега УЕФА тоа не го дозволува.