Дома Фудбал Италија Де Лаурентис донесе одлука: Елмас казнет со 5.000 евра

Де Лаурентис донесе одлука: Елмас казнет со 5.000 евра

Во тимот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас во овие моменти владее голема криза.

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис после натпреварот кој Наполи го изгуби од Рома со 2:1 нареди фудбалерите да одат во седумдневен карантин. Меѓутоа после ремито со Салзбург во Лигата на шампионите сите играчи на Наполи место да се вратат во карантинот се упатиле во своите домови, истото го направиле и кога наредниот ден се појавија на тренингот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот „Ил Матино“ пишува дека предводници на оваа побуна биле Дрис Мертенс и Хозе Каљехон.

Сите играчи на Наполи наводно ќе бидат казнети за постапката на „своја рака“. Според информациите предводниците Мертенс и Каљехон ќе добијат казна од 25.000 евра, додека сите останати по 5% на месечните примања. Ова значи дека македонскиот фудбалер Елиф Елмас ќе биде казнет со 5.000 евра.

Кога се во прашање Мертенс и Каљехон тие наводно би можеле уште во јануари да го напуштат клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…