Дома Фудбал Италија Кулминација на хаосот во Наполи: Де Лаурентис брка двајца уште во јануари!

Кулминација на хаосот во Наполи: Де Лаурентис брка двајца уште во јануари!

Во тимот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас во овие моменти владее голема криза.

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис после натпреварот кој Наполи го изгуби од Рома со 2:1 нареди фудбалерите да одат во седумдневен карантин. Меѓутоа после ремито со Салзбург во Лигата на шампионите сите играчи на Наполи место да се вратат во карантинот се упатиле во своите домови, истото го направиле и кога наредниот ден се појавија на тренингот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Италијанскиот „Ил Матино“ пишува дека предводници на оваа побуна биле Дрис Мертенс и Хозе Каљехон.

Денес во Италија се најавува дека Де Лаурентис поради таквиот однос донел одлука овие двајца да си заминат во јануари.

Засега нема најава кој клуб е фаворит за нивно доведување, претходно се поврзуваа со тимови од Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…