Дома Фудбал Италија Де Лаурентис го купи и славниот Бари, вети дека клубот нема да биде филијала на Наполи

Де Лаурентис го купи и славниот Бари, вети дека клубот нема да биде филијала на Наполи

Вчера вечер беше официјално потврдено, а денес следуваше и презентација пред медиумите, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е нов сопственик на уште еден славен италијански клуб – Бари!

Бари е клуб со долга историја од 110 години, па Де Лаурентис вети пред навивачите дека нема од овој клуб да направи само филијала на Наполи.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Му благодарам на претседателот за довербата. Кога слушнав за ситуацијата во Бари се јавив на градоначалникот, на почетокот не беше лесно да се договориме, но на крајот успеавме. Ќе се обидеме да го вратиме Бари во Серија А, ќе го разгледаме и правилото според кое два клуба со ист сопственик не можат да играат во исто првенство. Мислам дека можеме да пронајдеме начин, но прво треба да се избориме за такво нешто“, изјави Де Лурентис на денешната презентацијата.

Ќе потсетиме, Бари поради се најде во голема финасиска криза, по што навивачите стравуваа и од згаснување на славниот клуб, но спасот дојде од првиот човек на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…