Дома Фудбал Останато Де Геа прави проблеми: Не сака да потпише нов договор и поставува услови кои тешко може да се исполнат

Де Геа прави проблеми: Не сака да потпише нов договор и поставува услови кои тешко може да се исполнат

Давид Де Геа се уште не потпиша договор со Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Понудата од 350,000 евра неделно е на масата, договорот му истекува на лето, но клубот веќе ја активира клаузулата и го продолжи на уште една година. Има понуди од Париз и Торино.

Не е само прашање на пари, туку амбиции. Тој сака да види во кој правец оди Јунајтед и дали можат да направат екипа која ќе се бори за трофеи. Тоа не подразбира само Солскјер да остане на клупата, туку и да вложи пари во засилувања.

Сепак, Јунајтед на лето ќе инсистира Де Геа да се изјасни, бидејќи не сакаат во 2020. година да си замине без надомест. Во клубот се надеваат дека би можел да потпише договор, информациите кои ги имаат говорат дека најблиску е тоа решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…