Де Бур на почетокот на тренерската кариера го предводеше младинскит тим на Ајакс, а потоа доби шанса и во првиот тим каде остана цели шест сезони.
Холанѓанецот во 2016 година веруваше дека е време за чекор напред во кариерата и ја прифати понудата на Интер, но не се задржа многу на „Џузепе Меаца“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Де Бур доби отказ во Интер после само неколку натпревари, а сега открива дека во редовите на миланскиот гигант владее „хаос“, па поради тоа не можел да се адаптира таму.
„Имав многу компликации во Италија бидејќи не го говорев италијанскиот јазик, а играчите не сакаа да ги слушаат моите идеи. Во Интер е се поинаку, имате група од неколку фудбалери кои се контролираат. Беше хаотично бидејќи прават што сакаат и воопшто неме слушаа. Полесно ми беше да работам со децата во Ајакс отколку со нив“, изјави Де Бур.