Рома во финишот успеа да го сруши отпорот на Верона и запиша многу важна победа 1:3.
Херој за „волчицата“ овој пат беше 18-годишниот Волпато кој постигна гол и асистенција во последните минути од мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Верона имаше водство од 1-0, а од 36.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Павел Давидович.
Пред крајот на полувремето на 1-1 израмни Заниоло, додека во 86. минута нововлезениот Валпато го постигна својот прв гол во Серија А. Три минути подоцна му асистираше на Ел Шарави за конечни 1:3.