Дома Фудбал Останато Десното стапало на Нејмар е „темпирана бомба“?

Десното стапало на Нејмар е „темпирана бомба“?

Летниот преоден рок се ближи кон крајот, а Нејмар и понатаму е топ тема во европските медиуми. И понатаму се шпекулира за негово можно враќање во Барселона, но сега францускиот „Ле Парисиен“ тврди дека Бразилецот има многу повеќе проблеми од донесувањето одлука за евентуален трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ле Парисиен“ пишува дека докторот Ерик Роланд, поранешен шеф на медицинскиот тим на ПСЖ идентификувал слабoст во десното стапало на Нејмар и постои голема можност Бразилецот да ја обнови повредата доколку наскоро се врати во „акција“.

Прв пат Нејмар тешка повреда на десното стапало заработи во февруари 2018 година, а потоа во јануари 2019 година. Во двата наврати Бразилецот беше приморан да пропушти важни натпревари на ПСЖ за последен пат проблеми да има на пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Катар.

Новинарите на „Ле Парисиен“ разговараа со Роланд кој ова лето ја напушти својата позиција во ПСЖ и тој смета дека десното стапало на Нејмар е премногу „тенко“ и „нежно“ и дека во иднина тој би можел да има нови проблеми.

„Стапалото на Нејмар е претенко, а ризик од проблеми со метататарзалната коска е исклучително изразен“, истакна Роланд.

Доколку Нејмар наиде на нови проблеми на стапалото според информации тоа за него би значело нова долга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …