Дома Најава Дерби на денот: Челзи – Арсенал, анализа и предлог тип

Дерби на денот: Челзи – Арсенал, анализа и предлог тип

Челзи е домаќин на Арсенал во дербито на 5-то коло на англиската Премиер Лига. Ова ќе биде трет меч помеѓу овие два тима за само месеципол, откако прво одиграа пријателски натпревар во кој Челзи славеше со 3:0, па во финалето на Комјунити Шилд, Арсенал се реваншираше со победа на пенали. Очекуваме интересен и неизвесен меч и покрај тоа што челзи е поголем фаворит за освојување на трите бода, пишува Kladenje.mk.

Арсенал со трета најслаба одбрана во Премиер Лигата

Арсенал тргна катастрофално оваа сезона и по првите три натпревари прими 8 гола, а конечно ја зачува мрежата во победата минатиот викенд на Боурнемут со 3:0. Таа победа дефинитивно беше добредојдена за екипата на Венгер, но сеуште има многу неодговорени прашања околу оваа екипа. Одбраната на тимот е катастрофална и покрај тоа што Венгер се надеваше дека со ангажманот на Колашинац ќе реши многу проблеми во својот тим кога во прашање е дефанзивата. Досега само Вест Хем (10) и Боурнемут имаат примено повеќе голови во Премиер Лигата оваа сезона од Арсенал (8).Единствено добро е што нападот функционира добро, а новото засилување вредно 52.7 милиони фунти Лаказет, полека но сигурно ја наоѓа својата форма од минатите сезони кога беше еден од најдобрите стрелци во Европа во дресот на Лион. Конечно Арсенал врза две победи во низа ако во предвид се земе и победата над Келн во четвртокот во Лигата на Европа, која беше извојувана со пресврт. По првиот дел Келн водеше со 0:1, но Арсенал на крајот славеше со 3:1, што секако е добра најава за продолжението од сезоната.

Санчез конечно подготвен за цел меч


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсен Венгер конечно може да смета на Алексис Санчез кој е спремен да одигра 90 минути. Чилеанците кој долго време чекаше трансфер, на крајот остана во тимот но не беше најподготвен на стартот на сезоната и ги пропушти првите натпревари на Арсенал…

Целата анализа прочитајте ја на специјализираниот портал Кладење.мк!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…