Веќе вториот ден на Мундијалот ќе гледаме едно големо дерби. Во група Б се сретнуваат актуелниот европски првак, Португалија и поранешниот светски шампион Шпанија.
Португалија: Сите ќе играат за уморениот Роналдо
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од титулата во Франција поминаа само две години, но во составот на Португалија нема дури ни 10 фудбалери од тој тим. Многу велат дека Португалија е сега уште појака со нови и млади сили, па така сега не зависи се од расположението на Кристиано Роналдо. Можеби не се, но тој и понатаму најмногу се прашува. Евентуалниот проблем со заморот на Роналдо, може да го неутрализира со преземањето на одговорност, Бернардо Силва, кој играше одлично во Сити и искусните Мутињо и Кварзема. Сепак не треба да се заборави дека овој сјаен напаѓач нема се уште освоено Мундијал, а реално ова е и последната шанса до него да стигне како главна ѕвезда во својата репрезентација. Во квалификациите беше одличен, постигна 15 голови и најзаслужен е што Португалија директно се пласира во Русија.
Шпанија: Скандалот пред почетокот на првенството може да биде мотив повеќе, но и се да упропасти
Катастрофа се случи во селекцијата на Шпанија пред самиот почеток на Мундијалот. Буквално на ден пред почетокот на Светското првенство, Фудбалскиот сојз на Шпанија го смени селектороот Хулен Лопатеги, поради тајниот договор со Реал Мадрид. Дел од играчите протестираа, но пополека се се смири. Прашањето е дали евентуалниот неуспех во дуелот со Португалија ќе предизвика ерупција на незадовлство, која Шпаницте може да ги прати дома уште во првиот дел од Мундијалот.Едно е сигурно, шансите за „фуријата“ после ваквиот скандал, можеби најголем во историјата, драстично паднаа. Шпанија можеби го нема составот од пред неколку години, но сепак и понатаму е репектабилна екипа, која е на самиот врв и е меѓу топ 5 фаворити на Мундијалот.
Веројатни состави:
Португалија: Руи Патрисио – Седрик, Пепе, Алвеш, Гереиро – Карваљо, Б. Силва, Жоао Марио, Кварезма, Роналдо, Гуедеш.
Шпанија: Де Геа – Начо, Пике, Рамос, Алба – Иниеста, Бускетс, Алкантара – Иско, Силва, Диего Коста.
Обложувалниците очекуваат израмнет натпревар, но сепак Шпанија е благ фаворит. Коефициентот за победа на „фуријата“ во Coinbet24 изнесува 2.02 за реми 3.20 додека за победа на Португалија коефициентот е 4.10
Обложувалницата Coinbet24 има одлична понуда за Светското првенство, особено за денешниот натпревар од СП на кој може да се обложите, а никако да изгубите – погледнете ТУКА!