Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а резултатот може да биде исфрлање на шпанските клубови.
Покрај проблемите поврзани со спорното „Ел Класико“, поради кое Барселона сака да ја тужи Шпанската фудбалска федерација, УЕФА е незадоволна и од тоа што Шпанците се уште немаат нов претседател на федерацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Некои кандидати се суспендирани поради корупциски скандали. Три години суспендиран е и Луис Рубиалес, поранешниот претседател на федерацијата, кој поради сексистичкиот скандал во финалето на Светското првенство за жени, може да не извршува ниту една фудбалска должност во следните три години.
Доколку се остварат пишувањата на Шпанците и УЕФА ги казни, нивната репрезентација не би можела да учествува на ЕП и Лигата на нации, а клубовите во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
На оваа тема пишуваше и „Марка“.
„Во последниве години, ФИФА казни федерации како Перу, Гватемала, Кенија, Тринидад и Тобаго и Зимбабве. Следен на ред би можел да биде Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Во Нион и Цирих останаа шокирани кога се појави информација за одредена казна. По средбата во четвртокот сфатиле дека се случува нешто што досега не е видено.
Двете организации сметаат дека претседателот на Врховниот совет за спорт на Шпанија, Родригез Урибес, прекршил се што е договорено и дека затоа мора да даде убедливо објаснување за своите постапки или Шпанија ќе почне да ги трпи последиците за постапките на Врховен совет. Овие последици се однесуваат на ЕУРО 2024, Светското првенство 2026 година и сите европски натпреварувања на шпанските клубови. Ова не е закана без покритие, туку реалност“, пишува „Марка“.