Дома Трансфер зона Денес се решава иднината на Роналдо!

Денес се решава иднината на Роналдо!

Tренерот на Манчестер Јунајтед според најавите од Островот денес ќе разговара со Кристијано Роналдо во тренинг центарот Карингтон. Информациите говорат дека по средбата Холнаѓанецот ќе одлучи дали Роналдо ќе биде вратен во првиот тим.

Роналдо беше исфрлен од првиот тим на Јунајтед после дербито со Тотенхем затоа што клупата за резерви ја напушти пред натпреварот да заврши. Како казна за таквиот потег Тен Хаг го исфрли од тимот за натпреварот со Челзи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во соопштението со кое се соопшти казната на Роналдо беше наведено дека Роналдо се суспендира на неопределено време. Тен Хаг наводно сака да види дали Роналдо покажува вистинско каење за да се врати на тренинзите.

Инаку, во претходните денови се појави и шпекулација дека Челзи би можел да се обиде да го доведе Роналдо во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…