Алесандро Дел Пиеро е една од најголемите фудбалски икони на Јувентус, но откако ја завшри фудбалската кариера изгледаше како да не посветува многу време на фудбалот.
Меѓутоа не било така. Легендарниот италијански фудбал после долго време на јавноста и откри дека поседувал фудбалски клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за мал фудбалски клуб во Лос Анџелес каде што после завршувањето од кариерата го поминува најголемиот дел од својот живот. Името на неговиот клуб има симболика се нарекува ЛА 10!
Клубот настапува во обединетата Премиер фудбалска лига и без пораз го освои првото место во својата дивизија.
Погодувате бојата на дресовите е – црно-бела!
Дел Пиеро оваа негова тајна ја откри самиот преку социјалните мрежи.
„После еден период на анонимност, а ќе признаете дека и јас сакав да имам малку приватност одлучив да споделам со вас едно прекрасно искуство и да го пофалам тимот за одличните резултати. Мојот тим, ЛА10…Фудбалот за мене е страст, сакав да имам мал клуб во кој ќе ја почуствувам страста. Во минатото лето одлучив да бидам сопственик на еден мал клуб“, стои во сооштението на Дел Пиеро.
Дел Пиеро е еден од најголемите играчи во историјата на Италија и Јувентус со кој ја освои титулата во 1996, додека со репрезентацијата во 2006 година стана светски шампион.