Андреа Ањели, Павел Недвед и остатокот од раководството на Јувентус си поднесе оставки и сега поранешниот шампион се наоѓа во тешка ситуација, а причината била финансиската криза.
Во медиумите се шпекулираше дека Ањели и раководството криеле финансии и не ги пријавувале до надлежните органи, па поради тоа може да завршат и зад решетки, а по целата драма се јави и легендарниот Алесандро Дел Пиеро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јувентус е дел од мојот живот. Како и сите навивачи, ја следам ситуацијата. Често ме прашуваат за коментари.
Сметам дека не треба да се коментира секоја вест бидејќи така се појавуваат шпекулациите. Посакувам новото раководство да работи професионално, посветено и со страст.
Се надевам дека управата ќе создаде добри работни услови“, вели Дел Пјеро.