Легендарниот поранешен напаѓач на торински Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пиеро изјави дека еден трофеј за него е посебен.
Иако освојуваше се и сешто, поранешната 10-ка на „старата дама“ посебно памети еден натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После која победа бев најмногу пијан? После златото на Светското првенство во 2006 година, тоа беше најлудата забава“, откри Дел Пиеро.
Франческо Тоти кој беше дел од таа генерација на Италија откри дека пред финалето на Светскот опрвенство во 2006 сите играле ФИФА, карти, гледале Вимблдон или читале, само Дел Пиеро спиел.
„Добро и јасбев загрижен, но не баш толку. Малку имавме трема бидејќи знаевме колку се силни Французите. Сфатив дека најважно е мирно да се излезе на терен и да не се грижиме многу“, истакна легендарниот напаѓач.