Имаше добри најави, но во последно време работите во Вардар никако да се помрднат од „мртва точка“, работата не оди на добро…
Во новото соопштение, навивачката група „Комити“ која е единствен информатор за случувањата денес сподели информација дека на дел од стручниот штаб денес било побарано да потпишат спогодбен раскин на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Матен Вардар…Никако да дочекаме да ја видиме неговата чистина. Сардисан од сите страни…Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија.Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите… Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите, и тоа ладно небаре тоа е нормална работа ! Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?Се води специјална војна против нас и Вардар ! Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците. Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни !Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа имајќи и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате?Навивачите тоа го заслужуваат !Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност.Ако правите чекор, направете го сега, ако не дајте го клубот двете страни !, стои во соопштението.