Дома Фудбал Англија Деле Али е најдоброто засилување во историјата на Тотенхем – Еве зошто!

Деле Али е најдоброто засилување во историјата на Тотенхем – Еве зошто!

Најбогатиот светски фудбал често во изборот на засилувања прави големи грешки кои скапо ги плаќа, но некогаш се случува и да се случи некоја работа каде што сите страни задоволно ги тријат рацете.

Навивачите на англискиот фудбал во последната деценија се уверија во тоа како мајсторите за трансфери од Тотенхем ги работаат работите, купуваат евтино, а продаваат скапо. Но, својот најскапоцен фудбалер го чуваат во соблекувалната, а доколку одлучат да го продадат, интересот ќе биде голем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се разбира, станува збор за младиот играч за врска и англиски репрезентативец, Деле Али кој во Тотенхем пристигна за денеска скромни пет милиони фунти, за две години подоцна да му порасне на неверојатни 150 милиони фунти. И тоа минимун, со оглед на тоа што Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, можеби ни за толаква сума на пари не би го пуштил својот најскап играч.

deleali

Купувањето на Деле Али со право може да се смета за најдобро купување во англиската лига последниве години. Големото растење на цената и неверојатните партии на теренот, покажува дека Али денеска е еден од најдобрите домашни играчи на Островот и лидер на националниот тим кој драстично е помладен и конечно подготвен за големи работи.

Али е роден 1996. година и за Англија одигра 21 натпревар со два гола. Во Тотенхем пристигна од МК Донс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…